ОВА МОРА ДА СЕ ЗАПРЕ Папата строго го осудува нападот врз Либан
Поглаварот на Римокатоличката црква изрази жалење за ситуацијата во Либан каде што во последните денови бомбашките напади предизвикаа разорни уништувања.
Папата Франциск денеска ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и апелираше до меѓународната заедница да направи сѐ што е во нејзина моќ за да се стави крај на тоа.
Поглаварот на Римокатоличката црква изрази жалење за ситуацијата во Либан каде што во последните денови бомбашките напади предизвикаа разорни уништувања.
– Се надевам дека меѓународната заедница ќе ги вложи сите можни напори да стави крај на оваа страшна ескалација – рече папата.
Од понеделникот израелските воздушни напади се насочени кон упоришта на проиранското исламистичко движење Хезболах на југот и на истокот на Либан, како и во јужните предградија на Бејрут.
Во овие напади досега загинаа повеќе од 550 лица.