ОВА ЛИ Е ПОТОПЕНИОТ БРОД „МОСКВА“? Снимка и фотографии ги преплавија социјалните мрежи (ВИДЕО)

Не можеме да ја потврдиме автентичноста, но нема премногу руски бродови од таа класа што завршија во пламен ..., пишува на профилот OSINTtechnical.

1,808

На социјалните мрежи почнаa да кружат снимка и фотографии на кои се гледа наводно оштетениот руски крстосувач „Москва“ пред да потоне. Иако никаде не е потврдено дека на фотографиите е Москва, на Твитер се шпекулира дека се работи за автентична слика, пишува Дејли Мејл.

„Ова се чини дека е автентична фотографија од Москва откако е погодена од украински проектил“, напиша на Твитер Роб Ли од Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.






На Твитер профилот од кој е објавена фотографијата, OSINTtechnical, пишувало:

 

„Не можеме да ја потврдиме автентичноста, но нема премногу руски бродови од таа класа што завршија во пламен …“, пишува на профилот OSINTtechnical.

 

 

Додека украинските и западните извори објавија дека бродот потонал заедно со целиот екипаж, Русите неодамна објавија снимка од екипажот на пристаништето на град Севастопол на Крим. Пред присутние се појавува командантот на руската морнарица адмирал Николај Анатолиевич Евменов.

 

Руското министерство за одбрана го цитираше Евменов кој изјавува дека офицерите и членовите на екипажот „ќе ја продолжат својата служба“.

 

Поврзани содржини