📷 📽️ ОВА ЛИ Е НАЈДОБРИОТ ЗАБАВЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ? Од скопскиот Луна парк останаа само сеќавање и крнтии

Пред речиси две недели прашавме во Град Скопје што се случува во Луна паркот, кои, колку и какви реквизити ќе се поставуваат, кога е планирано отворањето на паркот. Прашавме и за тоа зошто досега ништо не се случи иако градоначалничката Арсовска неколку пати најавуваше обнова на Луна паркот. Но одговор од градоначалничката Арсовска и од нејзиниот кабинет не добивме.

1,617

зОбјективот на Плусинфо „улови“ некои активности во Градскиот парк, на местото на поранешниот Луна парк. Како што може да се види на фотографиите поставени се два рингишпилa, вратено е старото вовче, а другите реквизити одамна се тргнати. Беше најавувано дека ќе биде изграден современ и модерен парк, но од него нема ниту трага, ниту глас.

Во просторот на поранешниот Луна парк може да се забележат лица вработени во ЈП „Улици и патишта“ кои најверојатно биле ангажирани да ги постават павер елементите.






Пред речиси две недели прашавме во Град Скопје што се случува во Луна паркот, кои, колку и какви реквизити ќе се поставуваат, кога е планирано отворање на паркот. Прашавме и за тоа зошто досега ништо не се случува со овој проект иако градоначалничката Данела Арсовска неколку пати најавуваше обнова на Луна паркот. Но одговор од градоначалничката Арсовска и од нејзиниот кабинет не добивме.

За потсетување, Данела Арсовска во својата програма за изборот на градоначалник на Скопје го вети најдобриот Луна парк на Балканот кој ќе биде отворен во првите две години од нејзиниот мандат. Со оглед на тоа што помина повеќе од половина од нејзиниот мандат сè уште не е започната изградбата на Луна паркот.

„Спомените од скопскиот Луна парк не смее да останат само спомени. Затоа планираме брзо опремување на централниот Луна парк во Градскиот парк со бројни содржини (ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картинг). Луна паркот ќе го отвориме уште во првата половина на мандатот. Освен за најмладите, овој парк на скопјани ќе им понуди содржини на сите возрасни категории. Останатите два забавни парка се планирани во општина Гази Баба на потегот кон општина Чаир, како и во Аеродром, преку соработка со општинските власти и процес на јавно-приватно партнерство“, беше наведено во нејзината програма за градоначалник.

Освен во предизборната програма, ветувањето за изградба на нов и модерен Луна парк градоначалничката го повтори и по нејзиното стапување на функција.

На крајот на 2021 година, Арсовска вети дека веднаш на стартот на 2022 година ќе започне да се уредува новиот Луна парк. Тогаш Арсовска најави дека во Луна паркот ќе бидат поставени реквизити кои се веќе набавени (во времето на Коце Трајановски), а кои одговараат и според новиот проект.

– По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк, нема да чекаме уште 4 години. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален. Дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот – изјави тогаш градоначалничката Арсовска.

Во февруари 2022 година, на седница на Советот на Град Скопје беше усвоена одлука со која требаше да започне реализацијата и изградбата на забавниот парк. Во соопштението до медиуми, од Град Скопје известија дека парите за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, додека следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и од 2024 година.

Дури и при носењето на буџетот за 2023 година, од Град Скопје најавија дека во него се планирани средства за реализација на новиот Луна парк.

Арсовска во 2022 година рече дека проектот за новиот Луна парк е во завршна фаза и дека наскоро ќе почне партерното уредување.

– Јас реков дека ниту еден проект којшто е отпочнат нема да биде прекинат. Ова е проект кој претходниот градоначалник Петре Шилегов го отпочнал и го има донесено до една фаза, сега ние го донесовме до завршна фаза. Ќе почнеме со партерното уредување и со монтирање на дел од реквизитите, а потоа ќе продолжиме и со останатите содржини за да им овозможиме на најмладите место за забава – изјави тогаш Арсовска.

Таа во март минатата година најави дека отпочнува постапката за изградба на новиот Луна парк.

– Од претходното раководство беше отпочнато со изработка на проект, ние како што кажавме, ништо од она што било отпочнато да се прави, нема да го прекинеме. Го прифативме самиот проект. Проектот беше во завршна реализација и беше доставен до градот Скопје, дури минатиот месец од својата изработка. Тука исто така имаше и еден процес којшто како таков опфаќаше обезбедување на неопходните дозволи од страна на ресорната општина, а тоа е општината Карпош за да може да се обезбеди и формално правна можност таму на тоа место да се отпочне со градба – појасни Арсовска.

Скопјани веќе 9 години немаат забавен парк. Ексградоначалникот Петре Шилегов по доаѓањето на функцијата го прекина проектот почнат од неговиот претходник Коце Трајановски, со образложение дека не е добар и дека во Скопје наместо Луна парк ќе се гради Забавен парк, на поголема површина и со многу повеќе реквизити за сите возрасти.

Потоа, беше изработена студија од италијанското архитектонско студио „Баса“ која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

Според проектот, забавниот парк треба да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување забавни реквизити од кои дел се адреналински, најголемиот број за деца, но и неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и пропратни содржини како место за храна, фонтана, билетарница, продавница за сувенири, тоалети. Новиот забавен парк, според проекциите на Градот, ќе чини околу 12 милиони евра.

РИНГИШПИЛОТ ПОВТОРНО ЌЕ ВРТИ До крајот на летото Скопје добива Луна парк

ДЕЦАТА ЌЕ СЕ ВРТАТ НА РИНГИШПИЛ, РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ЈАДАТ ПИРОШКИ… Скопје добива нов Луна парк!

КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВИОТ ЛУНА ПАРК А, како некогаш изгледаше стариот? (ВИДЕО)

Поврзани содржини