ОВА ГО НЕМА НИКАДЕ, ПАРТИЈА СО 12 ПРАТЕНИЦИ ДАВА ПРЕМИЕР! Апасиев вели дека техничката влада е глупост
Пратеникот Димитар Апасиев вели дека ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе гласа за уставните измени, а негова проценка е дека тоа ќе биде направено во првите 100 дена.
Со 12 пратеници ДУИ дава премиер!? Ние сме единствена земја во универзумот која има еден парламент, а две влади! Техничката влада е глупост. Имате заменик-министер и дополнителен заменик-министер со право на вето – кој ли го измисли ова – рече Димитар Апасиев, лидерот на Левица, во „Аргумент плус“ на ТВ 24.
– Откривме дополнителен криминал. Како може монитор од 150 евра да чини 2.500 евра!? Таму беа искршени 4 монитори, зарем 10.000 евра чинат? Дајте да платиме тоа што сме го искршиле, но претходно ќе нарачеме контравештачење – да видиме дали нешто што чини 250 е платено 2.500 евра за да може ДУИ да функционира – рече Апасиев.
Пратеникот рече дека ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе гласа за уставните измени, а негова проценка е дека тоа ќе биде направено во првите 100 дена.
– Широката коалиција СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ си функционира зад затворени врати, а може да се каже дека не се ни кријат. Буржујските партии се исти концептуално – рече претседателот на Левица.
Тој рече дека Левица очекува двоцифрен број на пратеници и над 100.000 гласови на парламентарните избори.