🎥 ОВА ГО МОЖЕ САМО ЛУКА ДОНЧИЌ! Европејците си поигруваат во НБА финалето
Извонредната партија на Лука Дончиќ со 30 поени и 10 скока не беше доволна за да го спаси Далас од пораз од Бостон (107-89) во првиот натпревар од финалето во НБА.
Бостон ја искористи послабата игра на Далас и победи со 107:89 во првиот натпревар од големото финале во НБА. Лошиот процент на шут од поле и за три поени беа главната причина Далас по трет пат по ред да го загуби првиот натпревар во постсезоната, како што им се случи и претходно против ЛА Клиперс и Оклахома.
Двајца Европејци го одбележаа стартот на големото финале. На Маверикс не им помогна уште една импресивна партија на Лука Дончиќ со 30 поени (12/26 од поле) и 10 скока. Но, Дончиќ уште некое време ќе биде на ТВ, особено неговиот соло пробив во кој постигна гол меѓу дури тројца кошаркари на Селтикс.
Lo que metió Luka Doncic 🤯 pic.twitter.com/ML7ZP0bwnh
— Pasion Basket (@PasionBasketNBA) June 7, 2024
Во составот на Бостон како резерва блесна Кристапс Порзингис кој за само 21 минута игра постигна 20 поени дополнети со 6 скока. Покрај тоа, имаше и три блокади, а уште долго ќе се прераскажува како го спречи обидот за забивање на Џош Грин на крајот од првата четвртина.
Kristaps Porzingis with the block WOW pic.twitter.com/79IK3iQecM
— SM (@SMHighlights1) June 7, 2024
Вториот меч од финалната серија во НБА се игра во понеделник, во 14 часот по средноевропско време.