ОВА Е ВОЈНА ЗА ОПСТАНОК НА НЕТАНЈАХУ, А ПОСЛЕДИЦИТЕ ГИ ПЛАЌААТ 8 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ Турција не паѓа во поставените стапици, порача Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека владата разгледува различни мерки за заштита на економијата од војната која го зафати регионот и предизвика нагло зголемување на цените на енергијата.

473

Турција ќе продолжи да работи со сите свои ресурси за да воспостави мир во војната на САД и Израел против Иран, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека оваа војна дека ги погодила турската економија и целиот свет.

Ердоган вели дека владата разгледува различни мерки за заштита на економијата од војната која го зафати регионот и предизвика нагло зголемување на цените на енергијата.






– Турција низ тековниот блискоисточен конфликт управува внимателно и разумно, со зачувување на братството и соседските односи. Не паѓаме во стапиците што ни се поставени – рече Ердоган во говор по седницата на кабинетот во Анкара.

Турција е решена да се држи настрана од огнениот прстен, додаде тој.

– Изминатите 25 дена покажаа дека, иако ова е израелска војна, целиот свет ја плаќа цената. Ова е војна за опстанок на Нетанјаху, но трошоците ги сносат 8 милијарди луѓе. Бескомпромисниот, максималистички и радикален став на Израел не смее да ги поткопа дипломатските решенија – нагласи турскиот претседател.

Поврзани содржини