ОВА Е ВЕЌЕ НЕВИДЕНО И ЌЕ РЕЗУЛТИРА СО ЖРТВИ Тестови нема, а ние не сме бајачи за да дефинираме болести од око

Не сме бајачи за да диференцираме од око на кој што му е, тестови нема, уморни сме сите, предупредува матичниот лекар Ненад Лазаров.

3,248

Состојбата на терен е катастрофална, оти ни доаѓаат болни луѓе со негативен тест за ковид-19, а со полна ковид симптоматологија, напиша на Фејсбук матичниот лекар Ненад Лазаров.

Тој предупредува дека паралелно е присутен и бран на многу „налик грипозни“ болни пациенти, но и преполовен медицински персонал.






„Посипица е на терен од болни со негативен тест за ковид-19, а безмалку полна ковид симптоматологија. Паралелно има и бран на многу налик грипозни болни, преполовен персонал насекаде… Не сме бајачи за да дефинираме од око на кој што му е, тестови нема, уморни сме сите! Ова веќе е невидено и пак ќе резултира со жртви. Комисија за заразни болести, министер, АЛО, план некаков, стратегија некаква?“, напиша Лазаров на Фејсбук.

Поврзани содржини