Старлетата Ким Кардашијан е опседната со секојдневно објавување на нејзини разголени фотографии.
Овој пат, Ким позирала во ултра тесен корсет во ова кратко видео.
Креаторот на овој моден детаљ е „Мр. Перл“, најпознатиот креатор на корсети во светот, а видеото е направено кога Ким се подготвуваше за Мет Гала минатата година, но тоа не е главната работа на која обрнаа внимание корисниците на социјалната мрежа.
Видеото на Ким Кардашијан има повеќе од 12 милиони прегледи, но и безброј негативни коментари, кои се однесуваат на нејзината нереално тенка половина.
„Девојчињата, во никој случај не гледајте на ова како на нешто нормално“, „Ова е страшно, ужасно, ова е невозможно. Никој реално не изгледа така“ и „Како воопшто дишете во ова“, се само некои од коментарите.
ФОТО: Инстаграм