Oва е таа погубна политика за која ви викав дека од неа НЕМА враќање!

Вие решивте да биде лицемерни, како и секогаш. Сега да ги вадите сликите на вашите предци во партизански униформи, да не може човек на ред да стаса од вас, а претходно секое достоинство да ви биде предмет на распродажба.

2,178

Точно е дека Американците беа спонзори на Преспа. Ама, исто така е точно дека македонската страна не преговараше и не извлече ништо подобро од првичниот предлог. Се разгаќи и прифати сè, некритички и без стратегија за ,,пазарење”.

Уште поточно е дека вие слепо го поддржавте, само од тие причини – поради спонзорот. Мислевте дека помалку ќе ве сака нашиот стратегиски партнер, ако сте против. Заборавивте дека никој не сала мивки, а првата земја на западниот демократски свет никогаш не би ви забележала за свој став за кој би се бореле на масата или во јавниот дискурс.






И, сега покажувате колку сте непринципиелни со вашите (крокодилски) солзи за со Бугарија. Знаете кои сте вие – првите во редот на антибугарската хистерија? Тие што велевте дека сум бугаофил кога велев дека имаме заедничка, споделена историја. Па, кога велев дека не чини Договорот за пријателство, вие што го браневте како луди, при вашето (пробугаро)просветлување. А, дечки, јас како 25 % Егеец и 25 % Бугарин, само сакав принципиелно решение за македонското прашање. Како 50 % Вардарец, осуда за мојот убиен прадедо од Балистите, осуда за бугарските фашисти и братство со сонародниците на дедо ми со моите соседи – и како држава, и како место на живеење. Правда за злосторствата врз едниот прадедо, ама правда и за геноцидот извршен врз другиот во Грција.

Вие решивте да биде лицемерни, како и секогаш. Сега да ги вадите сликите на вашите предци во партизански униформи, да не може човек на ред да стаса од вас, а претходно секое достоинство да ви биде предмет на распродажба. Барем да преговаравте, гарантирам дека името за внатрешна употреба ќе го спасевте.

Но, ова е таа погубна политика за која ви викав дека од неа НЕМА враќање.

Сега е доцна.

Доцна е да плачете дека е навредуван претседателот, а молчевте кога сите ние што не се согласувавме со некои политики, бевме навредувани.

Кога ќе ги прекршите принципите за ќар наместо за општо добро (кршењето за општо добро дури е и препорачливо), тоа ви го одзема правото за сите натамошни реакции. Особено на оние што ги гласале глупостите како дел од претходниот парламентарен состав. Нивната одговорност е лична и поединечна.

Доцна е и Господ (или која и да е виша сила) нека и’ е напомош на Македонија, на оваа Македонија, онаа за која нè учеа нас в училиште, одамна е покојна…

(Фeјсбук статус на авторот)

Поврзани содржини