ОВА Е СТЕФАНИЈА Евровизиската победничка песна е посветена на оваа жена (ВИДЕО)

Песната „Stefania“ со тоа стана најголемиот хит во Европа, а посебна димензија на песната ѝ даде тоа што е посветена на мајката на фронтменот на бендот Олег Псјук, Стефанија.

1,545

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на Евровизија во саботата со невидена поддршка од гласачи од цела Европа. Песната „Stefania“ со тоа стана најголемиот хит во Европа, а посебна димензија на песната ѝ даде тоа што е посветена на мајката на фронтменот на бендот Олег Псјук, Стефанија.

Стефанија на тој начин стана најпознатата мајка во Украина, а од самиот почеток го поддржуваше синот и неговиот бенд.






„Сите ја пеат нашата песна. Таа оригинално беше посветена на мојата мајка, по која и го доби името, но сега е песна за сите мајки“, изјави Олег Псјук пред финалето на Евровизија.

Во песната се зборува за стареењето, а атмосферата е носталгична. Нараторот сфаќа колку мајката направила за него, тој е свесен за нејзините борби и за сето она низ кое поминала. На крајот од строфата се слуша и приспивна песна.

Членовите на групата претходно изјавија дека нивната песна „Stefania“ станала „украинска химна“.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини