ОВА Е СКАНДАЛОЗНО, ФИНАНСИРАМЕ ДРАМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО КОСОВО! Со годишната програма за култура се расфрлаат пари на анонимуси и лажни здруженија, вели Љутков од ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за култура одобри пари за да финансира драмски фестивал во друга земја, во Косово, за кој се одобрени неверојатни 30.000 евра. Наспроти тоа, учествата на меѓународни фестивали на сите останати театри во странство се поддржани со речиси десет пати помали износи – рече Љутков.

1,437

Mинистерката за култура вчера ги објави резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2024 година без донесена Национална стратегија за развој на културата. Ова е најлошата Програма за култура до сега, Програма во која програмските средства се видно намалени од предходната година, а со државни пари се финансира сè освен национална култура – рече Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

– Доделени се огромни буџетски средства на сосема анонимни лица, здруженија на граѓани кои се формирани за една употреба, манифестаци за кои досега не сме слушнале, додека долгогодишни реномирани фестивали и манифестации едвај и прашање е дали ќе преживеат.






Годинава, според Програмата, националните установи во државата, едвај ќе имаат средства за реализирање на програми, но затоа пак со силни средства се финансираат проекти на непознати невладини организации, приватни фестивали и активности на лица блиски до кабинетите во министерството и до власта.

Евидентно е дека при разгледувањето на проектите не е спроведен процес на бодување и валоризирање според утврдените критериуми, туку паушално се одредувани категориите и бодовите, па имате безброј примери како што на пример е овој со Унија на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ, кој а прокетот Меѓународен форум на креативни индустрии добил помалку средства од физичко лице (се разбира сограѓанка на министерката) за проектот „Азбучен споменар” за кој министерството, замислете, дало повеќе од 1.100.000 денари, народни пари!

И тоа не е сè, лица се јавуваат како управители на повеќе правни субјекти, распределени во повеќе дејности, па оттука акумулираните средства кај некои од нив надминуваат и повеќе од 3.500.000 денари.

Со ова се потврдува фактот дека власта им ја скрои капата на националните установи и планира да им стави клуч?!

Има ли некој кој може да ја разбере оваа погубна „стратегија” на Министерството за култура, односно власта која сега, во исто време обзнанува дека за култура нема пари, а предизборно реализира околу 300 нови вработувања во установите. И епилогот од сето ова е дека министерството ќе ги финансира само платите на вработените, а притоа безмилосно ќе ги финансира шарените револуционери, кои дополнително и ги вработи во истите тие институции.

Веројатно на скандалите им нема крај, па во Програмата ќе прочитате дека нашите граѓани, односно македонското Министерство за култура одобри пари за да финансира драмски фестивал во друга земја, во Косово, за кој се одобрени, неверојатни 30.000 евра. Наспроти тоа, учествата на меѓународни фестивали на сите останати театри во странство се поддржани со речиси десет пати помали износи – рече Љутков.

Тој додаде дека годишната програма изобилува со сомнителни проекти, кои се премногу за овој прес и најави дека во следниве денови тој лично и Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ќе обзнанат повеќе детали.

 

Поврзани содржини