Ова е првата наградена фотографија од самоизолација

1,257
Град Скопје ја додели првата награда од 100 евра за најдобра фотографија направена во домашна изолација. На конкурсот кој почна вчера биле пријавени повеќе од 100 фотографии, а за најдобра е избрана фотографијата на Јехона Спахиу.
„Оваа фотографија на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, во конкуренција од повеќе од 100 фотографии. Ѝ честитаме и ја повикуваме да ни испрати порака со нејзините генералии. А вие продолжете да ни испраќате фотографии/видеа/гифови како го поминувате денот дома, со хаштазите #СкопјеДома #ShkupiNëShtëpi“, објави Градот.

Фотографиите може да се објавуваат на фејсбук-страницата „СкопјеДома“, а победниците ќе се објавуваат секој ден на оваа страница.






Поврзани содржини