ОВА Е ПРЕМНОГУ ЗА НЕЈЗИНИТЕ ГОДИНИ? Актерката го прошета деколтето на црвениот тепих и сите зборуваат за тоа (ФОТО)
„Очајната домаќинка“ во неделата направи целосен хаос на црвениот тепих.
Актерката Ева Лонгорија се појави на свеченото отворање на The Academy Museum of Motion Pictures во Лос Анџелес во долг кадифен фустан, оставајќи ги сите без зборови.
Оваа креација предизвика бројни коментари, од кои повеќето се базирани на совршеното тело на 46-годишната убавица, додека, пак, некои коментираа дека изрезот на фустанот е премногу длабок.
Меѓутоа, деколтето ниту најмалку не претставувало пречка. Напротив!
На фустанот му дал доминантен печат, а на актерката можност да ја покаже неверојатната самодоверба со која зрачи.
View this post on Instagram
Тесниот фустан што ја следи линијата на телото го краселе сатенски детали, а скапоцените дијамантски обетки ја нагласиле елегантната нота на холивудската дива. Лонгорија уште еднаш ѝ покажа на јавноста дека црниот фустан со ефектен крој е секогаш вистинскиот избор.
View this post on Instagram
Модните стручњаци ги пофалија и фризурата и шминката на актерката.
ФОТО: Инстаграм