„ОВА Е ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“ „Анонимни Македонија“ му се заканија на директорот на ФИТР, Халили

Oва е последно предупредување. Мислиш дека си најпаметната личност во просторијата, но сега запозна некој на твое ниво. Ние сме „Анонимни“, ние сме легија. Очекувај нѐ “, се вели во видео-пораката.

595

Граѓаните почнуваат да ве гледаат како обичен криминалец. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е уништен, се вели во видео пораката „последното предупредување“ на „Анонимни Македонија“. Тие го обвинија директорот на ФИТР Фестим Халили дека „неуспешно раководи со институцијата“.

– Се чини дека твоето познавање за програмирање, ИТ и стартап е слабо. Ова било очигледно за твоите вработени подолго време, кои со месеци се соочуваат со неподносливи услови под твое водство. ФИТР e уништен, компаниите губат пари, а работоспособни лица ја напуштаат Македонија – се вели во пораката на „Анонимни Македонија“ до Халили кој, според нив „ги прекинал сите операции од причина што само тој и ‘Анонимните’ ги знаат“.






„Oва е последно предупредување. Мислиш дека си најпаметната личност во просторијата, но сега запозна некој на твое ниво. Ние сме „Анонимни“, ние сме легија. Очекувај нѐ “, се вели во видео-пораката.

Целата порака од „Анонимни Македонија“ можете да ја погледнете ТУКА.

Поврзани содржини