ОВА Е ПОЧЕТОК НА ВРАЌАЊЕТО НА ДОВЕРБАТА ВО СУДСТВОТО Дaмева не очекува тивок бојкот од останатите членови на Судскиот совет

Во 2023 година се случија немили настани во судскиот совет. Очекувам сите членови и судскиот совет заедно во 2024 година ќе најдат начин да ја санираат таа состојба и да се вратат на веќе  трасираниот пат и да ги исполнат основните заложби, рече Дамева.

586

Весна Дамева која по одлуката на Управниот суд денеска е вратена на претседателската позиција на Судскиот совет. Таа во изјавата за медиумите по итната седница на Судскиот совет рече дека оваа постапка е почеток на враќање на довербата во судството.

-Во 2023 година се случија немили настани во судскиот совет. Очекувам сите членови и судскиот совет заедно во 2024 година ќе најдат начин да ја санираат таа состојба и да се вратат на веќе  трасираниот пат и да ги исполнат основните заложби. Лично сметам дека пресудата на Управниот суд е првиот чекор кој влева надеж дека правдата е достижна и сметам дека тоа е почеток на враќањето на довербата на граѓаните во судството. Нашата работа и сите заложби ќе останат декларативни ако правдата не е видлива и ако граѓаните не можат да ја видат – рече Дамева.






Та им се заблагодари на Европската унија за слабостите во постапувањето на Судскиот совет, на невладиниот сектор и на новинарите за интересот за работењето на Судскиот совет.

 

Таа не очекува тивок бојкот од останатите членови на Судскиот совет.

Поврзани содржини