ОВА Е ПОЧЕТОК, ЌЕ ГО ВРАТИМЕ УКРАДЕНОТО Советник на Зеленски за експлозијата на Кримскиот мост

Мостот го поврзува полуостровот Крим со Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го отвори мостот во 2018 година.

1,635

Украина стои зад експлозијата на Кримскиот мост што се случи утрово. Тоа го потврди  Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој на Твитер напиша дека се што е украдено од Украина ќе се врати.

„Ова е почеток. Сè што е нелегално мора да биде уништено, а сè што е украдено мора да се врати во Украина. Сѐ што е окупирано од Русија мора да биде протерано“, напиша Подољак на Твитер.






Мостот го поврзува полуостровот Крим со Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го отвори мостот во 2018 година.

Путин утрово формира комисија која треба да откие кој е виновен за експлозијата.

Поврзани содржини