„ОВА Е ПАТ КОН ЦИВИЛИЗАЦИСКО САМОУБИСТВО“ Венс ја предупреди Европа, САД бараат будење на Стариот континент

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, со жестоки критики кон Европа, предупредувајќи на безбедносни ризици, улогата на НАТО и стратешкото значење на Гренланд во услови на растечко влијание на Русија и Кина.

323

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, упати остри критики кон европските земји, оценувајќи дека Европа оди по пат кој, според него, води кон „цивилизациско самоубиство“. Во интервју за американската телевизија „Newsmax“, Венс порача дека ваквите изјави не се напад, туку обид да се разбуди континентот.

Тој истакна дека критиките од Вашингтон кон Европа доаѓаат од желбата Европа да биде посилна политички, економски и воено.






– Имаме заедничко цивилизациско наследство. Не можете едноставно да ја турнете вашата економија од карпа. Зошто ни е важен НАТО? Затоа што сакаме Европа да може да се одбрани ако, не дај Боже, биде нападната. Ние навистина ја сакаме Европа – изјави Венс, цитиран од „CNN“.

Истовремено, во разговор за „Washington Examiner“, Венс се осврна и на чувствителното прашање за Гренланд и односите со европските лидери, разговори кои ги води заедно со државниот секретар Марко Рубио.

Според него, јавните реакции од Европа против идејата на претседателот Доналд Трамп за поголемо американско присуство во Гренланд биле претерани и неискрени.

– Јавно беа неверојатно непријателски, но зад затворени врати беа многу поразумни. Признаа дека Гренланд е клучен за заедничката безбедност на НАТО – рече Венс.

Тој предупреди дека и Русија и Кина веќе имаат јасни планови за зголемено влијание во регионот, што, според него, го прави американското присуство неопходно.

– Ако Русија или Кина воспостават контрола врз Гренланд, тоа директно ќе ја ослабне безбедноста на САД и на НАТО, како и нашата ракетна одбрана. Затоа мора да се зајакне безбедноста на таа област – нагласи Венс.

Поврзани содржини