ОВА Е ОТВОРЕНА АГРЕСИЈА ВРЗ ИРАН Руска реакција на настаните на Блискиот Исток

Можеме да изразиме длабоко разочарување бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во преговорите, ситуацијата се влоши во отворена агресија - изјави портпаролот Песков.

158

Кремљ денеска соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство поради, како што наведе, „отворената агресија“ против Техеран и дека е длабоко разочаран од начинот на кој се развиваат настаните.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го осуди убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, како „цинично“ убиство, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека го туркаат Блискиот Исток „во бездна на неконтролирана ескалација“.






Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ја анализира ситуацијата и извлекува свои заклучоци откако Вашингтон одлучи да започне напади врз Иран и покрај она што Москва го сметаше за ветувачки разговори.

– Во врска со преговорите меѓу САД и Иран, со посредство на Оман, секако можеме да изразиме длабоко разочарување бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата се влоши во отворена агресија – изјави Песков.

Тој додаде дека Путин во текот на денот треба да оствари меѓународен телефонски разговор со Иран, но не наведе со кого.

– Можам само да кажам дека сме во постојан контакт со иранското раководство и разговараме за ситуацијата во оваа земја. Во исто време, го продолжуваме дијалогот со лидерите на земјите погодени од конфликтот, вклучувајќи ги и државите од Персискиот Залив“, рече Песков.

Поврзани содржини