Ова е новата девојка на Алекс Родригез? По раскинувањето со Џеј Ло утеха најде во згодната русокоса (ФОТО)
Алекс Родригез се забавуваше со русокосата Мелани Колинс на Ибица, за која се шпекулира дека е неговата нова девојка, а еве која навистина е оваа убавица.
Поранешниот бејзбол играч и поранешен свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез се забавува познатиот остров Ибица, каде што минатата недела беше снимен на романтична вечера со атрактивната спортска репортерка Мелани Колинс.
View this post on Instagram
Странските медиуми веќе наголемо се распишаа за русокосата која му го заробила срцето по раскинувањето со латино дивата Џенифер Лопез, а иако не ја потврдиле врската, Родригез не се одделува од неа.
Дали е во прашање вистинска љубов или само за да ѝ покаже на Џеј Ло, бидејќи, како што тврдат извори блиски до поранешниот бејзбол играч, сѐ уште не му е јасно како пејачката можела толку брзо да продолжи понатаму.
Исто така, тој беше фотографиран со Мелани за време на викендот и на неговата јахта во Сен Тропе, каде таа го привлече вниманието во сино бикини, а фотографиите ги објави „Дејли мејл“. Интересно е што во тој момент, Џенифер го славеше својот роденден на истата локација.
Колинс работи во телевизијата Си-би-ес, каде што е задолжена за следење на НФЛ лигата, па странските медиуми заклучиле дека Колинс и Алекс ги поврзала љубовта кон спортот.
Љубителите на американскиот фудбал ја обожаваат Мелани, а таа е и голема sвезда и на Инстаграм.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм