ОВА Е НАРАЧАН ПРОГОН КОН МЕНЕ Кандидатот за уставен судија на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвиненијата од ОЈО Струга

Според ОЈО Струга, кое ја води постапка за Димоски, се работи за 14 предмети, а оштетени биле подносителите на предметите. Најголем дел од предметите кои ги чувал обвинителот се однесуваат на делата кражба, кражба на струја и незаконит риболов и се од периодот од 2013 до 2021 година.

584

Војо Димоски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за уставен судија, а кој не помина во Комисијата за избори и именувања, доби обвинение дека додека бил обвинител во ОЈО Охрид „чувал предмети во фиока“ со што овозможил делата да застарат. Најголем дел од предметите кои ги чувал обвинителот се однесуваат на делата кражба, кражба на струја и незаконит риболов и се од периодот од 2013 до 2021 година, јавува 24вести.

Според ОЈО Струга, кое ја води постапка за Димоски, се работи за 14 предмети, а оштетени биле подносителите на предметите.






Димоски реагираше дека ова е нарачан и мотивиран прогон кон него и дека наскоро јавно ќе ги разобличи нарачателите на истиот.

– Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин. Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоловолство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот – вели Димоски.

Димоски до скоро беше обвинител во ОЈО Охрид, но си поднесе оставка откако против него беше поведена дисциплинска постапка.

 

Поврзани содржини