ОВА Е НАЈВИСОКАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ Румејса од Турција сака својот недостаток да го претвори во предност (ВИДЕО)

2,857

Највисоката жена на светот е висока 234 сантиметри. Румејса Гелги (24) живее во Турција и сака да ја искористи својата „титула“ за да ги поттикне луѓето да се прифатат себеси и својот физички изглед.

Нејзнината височина е последица на Виверовиот синдром, што предизвикува забрзан раст. Румејса во 2014 година беше прогласена за највисока тинејџерка во светот.






За жал, за да се движи таа користи помагала за хендикепирани.

– Секој недостаток може да се претвори во предност, само прифатете се такви какви што сте, бидете свесни за својот потенцијал и дадете се од себе – вели највисоката жена на светот.

Претходната жена рекордер беше од Кина. Беше висока неверојатни 243 сантиметри. Почина во 1982 година.

 

Поврзани содржини