Ова е најскапиот гулаб на светот, продаден е за неверојатни 1,6 милиони евра

653

Двегодишниот белгиски спортски гулаб, поточно женка по име Њу Ким, е продаден на аукција во неделата за рекордни 1,6 милиони евра, објави белгиската аукциска куќа „Пипа“.

Понудите за гулабот веќе достигнаа 1,32 милиони евра минатата недела, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,25 милиони евра, кој беше поставен во март 2019 година за белгискиот спортски гулаб Армандо.






Во меѓувреме, последните 30 минути од лицитирањето во неделата беше постигната рекордна цена од 1,6 милиони евра, за која беше продаден гулабот.

– Оваа рекордна цена е неверојатна, особено затоа што е женка. Армандо беше маж, и тие обично вредат повеќе од женките затоа што можат да дадат повеќе потомство – рекол Николас Гиселбрехт, извршен директор и основач на белгиската аукциска куќа „Пипа“, која се занимава со продажба на спортски гулаби.

Тој рекол дека Њу Ким има само две години и дека се натпреварува само од 2018 година, кога ја освоила титулата најдобар млад спортски гулаб во Белгија.

Аукцијата започна на 2 ноември.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини