ОВА Е НАЈСЕКСАПИЛНИОТ МАЖ Британците го изгласаа згодниот актер, еве кој му беше конкуренција

На второ место е актерот Даниел Крег (53), најпознат по улогата на тајниот агент 007 Џејмс Бонд.

622

Таблоидот „Сан“ ги донесе резултатите од анкетата во која беше избран „Најсекси маж во Велика Британија“, а читателите го кажаа своето. На врвот на листата на шармантни мажи е 44-годишниот актер, „лошото момче“ на филмскиот свет познат по филмовите „Броснан“, „Легенда“, „Лудиот Макс“, „Момче, дама, крал, шпион“ и многу други.

Актерот Том Харди избран за најсексапилен маж во Велика Британија.






Мажествениот, но и галантен, Харди е миленик на жените ширум светот. Неговиот беспрекорен изглед и шарм ги воодушевува обожавателките, па не е ни чудо што го избраа за најатрактивен.

На второ место е актерот Даниел Крег (53), најпознат по улогата на тајниот агент 007 Џејмс Бонд.

Имено, во анкетата на британскиот таблоди Сан“ припадничките на понежниот пол можеле да гласаат за „најсекси маж во Велика Британија“. А, најмногу од нив своите гласови му ги дале на Харди кој го освои првото место.

На третото место е актерот Том Холанд (25), кој го отелотвори добро познатиот Спајдермен.

Верувале или не, Сер Том Џонс се најде на четвртото место. Оваа „секс бомба“ своевремено тврдеше дека годишно спиел со 250 жени кога бил на врвот на славата. На 81 година вели дека секој ден виси наопаку по 2 минути, а тоа се вика инверзивна терапија и тоа го прави витален.

На петтото место е актерот Хенри Кавил, потоа пејачот Роби Вилијамс, седми е Том Хидлстон, осми е Марк Рајт, Дени Даер, потоа Хари Стајлс на десеттото место, потоа Џоел Домет, Шн Бин, Ричард Маден, Џек Гралиш, Гетин Џонс, Џовани Пернис, Бен Шепард, Луис Хамилтон, Гордон Ремзи и Гери Барлоу.

Да се потсетиме, Харди неодамна изјави дека повеќе не планира да глуми во филмови по улогата на американскиот мафијашки бос со италијанско потекло Ал Капоне, бидејќи, како што вели, се чувствува уморен и сака да се посвети на пишување сценарија.

 

Поврзани содржини