ОВА Е НАЈЛОШАТА И НАЈОПАСНАТА ХРАНА ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ Шеќерот вртоглаво растe, a набива и килограми
Еве кои намирници дијабетичарите треба да ги избегнуваат или барем строго да ги ограничат.
Исхраната прилагодена за луѓе со дијабетес тип 2 се базира на избор на квалитетна храна што помага во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. Ова вклучува јаглехидрати од природни извори како што се зеленчук, овошје и интегрални житарки, млечни производи со ниска масленост, масна риба што е корисна за здравјето на срцето, како што се лосос, туна, скуша или сардини, како и незаситени масти од маслиново масло, авокадо и јаткасти плодови.
Сепак, успешното управување со дијабетесот не е само во тоа што јадете, туку и во свесното ограничување на одредени видови храна. Некои од нив можат да предизвикаат ненадејни скокови на гликозата во крвта и да го зголемат ризикот од развој на дополнителни здравствени проблеми на долг рок, поради што е важно да ги избегнувате или да ги консумирате со претпазливост.
Сè е во умереноста и внимателниот избор на храна за балансирана контрола на шеќерот во крвта. Јадете балансирана, здрава исхрана и избегнувајте рафинирани јаглехидрати што го зголемуваат шеќерот во крвта.
Исто така, треба да избегнувате заситени масти, кои се наоѓаат во масното месо, полномасните млечни производи и пржената храна, бидејќи луѓето со дијабетес тип 2 се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања, вели диететичарката Ејми Кимберлејн, портпаролка на Американската академија за исхрана и диететика.
Здравата исхрана може да помогне и во регулирањето на телесната тежина, а губењето само од пет до седум килограми може да помогне во подобрувањето на контролата на шеќерот во крвта, според Американското здружение за дијабетес (ADA).
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.