ОВА Е НАЈГОЛЕМОТО МИНСКО ПОЛЕ ВО СВЕТОТ! Речиси е со големина на Британија, една деценија ќе треба за да се исчисти
За време на летната жетва, неколку земјоделци загинаа кога нивните трактори налетаа на мини во областите во близина на Харков и Суми, наведува јужнокорејската агенција „Јонхап“.
Премиерот на Украина Денис Шмихал денеска изјави дека околу 40 отсто од територијата на Украина или околу 250.000 квадратни километри е минирана од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година.
Според него, минираната површина е поголема од целиот Корејски полуостров, територијата на Романија, а исто така колку цела Велика Британија.
Тој изјави дека со оглед на тоа што поголем дел од територијата е минирана, многу е опасно земјоделците да сеат и да жнеат, па поради тоа украинското земјоделство е во неволја. За време на летната жетва, неколку земјоделци загинаа кога нивните трактори налетаа на мини во областите во близина на Харков и Суми, наведува јужнокорејската агенција „Јонхап“.
Државната агенција за вонредни ситуации објави дека на крајот на војната, на Украина и требаат 10 години за да ја деминира целата своја територија.
– Ова во моментов е најголемото минско поле во светот – изјави Шмихал за јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.