Ова е најголемата грешка што ја прават луѓето откако ќе ја примат вакцината против ковид-19

Иако се проценува дека вакцините имаат ефикасност до 95 отсто, Центарот за контрола и превенција на болести истакнува дека тоа ниво на заштита не може да се достигне сè додека не пројдат околу 2 недели од примањето на втората доза вакцина.

560

Вакцините против ковид-19 влеваат надеж дека на епидемијата конечно ќе ѝ дојде крајот, соопштуваат експертите и додаваат дека луѓето никако не смеат да мислат дека вакцината ќе ги реши сите проблеми. Научниците ја откриваат и најголемата грешка која би можело да ја направите веднаш по вакцинацијата, а тоа е, како што велат, да се вратите на вообичаениот начин на живот.

„Многу сме загрижени дека луѓето масовно ќе мислат дека по вакцинацијата ќе бидат потполно безбедни и дека веднаш ќе можат да се вратат на стариот начин на живот“, вели д-р Дејвид Халперн, пренесува „The Guardian“.

Иако се проценува дека вакцините имаат ефикасност до 95 отсто, Центарот за контрола и превенција на болести истакнува дека тоа ниво на заштита не може да се достигне сè додека не пројдат околу 2 недели од примањето на втората доза вакцина.

„Многу луѓе мислат дека ефектот на вакцината е апсолутно моментален и дека кај нив повеќе не постои ризик од ширење на вирусот“, вели д-р Стивен Рајхер.

Експертите истакнуваат дека враќањето во нормала најмногу зависи од тоа колкав процент од популацијата е вакциниран и дека враќањето во живот пред пандемијата е ризичен потег доколку тој процент не е доволно висок.

„Колективниот имунитет не е нешто што може да се создаде со притискање на копче. Тоа е долг процес“, истакнува д-р Ерик Лофгрен, епидемиолог од Универзитетот Вашингтон.

„Ако вашата земја е далеку од колективен имунитет, вирусот и понатаму циркулира помеѓу популацијата и секогаш постои шанса дека вакцината нема да заврши работа во мерка која луѓе ја очекуваат“, додава Лофгрен.

Поврзани содржини