🎥 ОВА Е НАЈГЛЕДАНОТО ВИДЕО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ Актерката ја погодиле во глава на црвениот тепих
Актерката Флоренс Пју во моментот на инцидентот била на премиерата на филмот „Дина: Втор дел“ (Dune: Part Two) во Сао Паоло, Бразил, заедно со нејзините колеги Зендаја, Остин Батлер и Тимоти Шаламе.
По другите ѕвезди кои доживеаја лошо однесување од обожавателите, сега тоа на своја кожа го почувствува и холивудската актерка Флоренс Пју, која вчера беше погодена во главата со предмет фрлен од публиката.
Актерката Флоренс Пју во моментот на инцидентот била на премиерата на филмот „Дина: Втор дел“ (Dune: Part Two) во Сао Паоло, Бразил, заедно со нејзините колеги Зендаја, Остин Батлер и Тимоти Шаламе.
Флоренс Пју беше видно шокирана во моментот кога била удрена, а делувало дека за момент ја заболело.
Актерката не е сериозно повредена. Не е познато дали младата актерка била намерна мета или случајно била погодена.
Florence Pugh could’ve lost her eye. Wtf is wrong with people pic.twitter.com/4l973jUxve
— Evil Queen 👑🇵🇸 (@Pureevilbich) December 3, 2023
Видеото од тој инцидент беше најгледаното во светот од моментот на објавување и во следните 12 часа, бидејќи успеа да достигне 2,5 милиони прегледи. Јавноста беше главно шокирана и осудувачки настроена.
Someone threw something at Florence Pugh and hit her in the face at #CCXP23 pic.twitter.com/aWB7J0gOyV
— Timmytea (@timmostea) December 3, 2023
Да потсетиме, ова не е првпат да се случуваат вакви работи. Претходните месеци на сцена беа погодени и Пинк, Бебе Реџа, Ари Ленокс, Тејлор Свифт, Хари Стајлс…