„ОВА Е МНОГУ ГОЛЕМА РАБОТА,ТАА Е ВОДЕЧКИ КАНДИДАТ“ Трамп за пресудата за Марин Ле Пен
Се смета дека одлуката на францускиот суд е удар за Ле Пен, шефица на парламентарната група на партијата Национален митинг и една од највлијателните фигури во европската екстремна десница, која според анкетите имаше најголеми шанси да победи на претседателските избори во Франција во 2027 година.
Пресудата на Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремна десница, која и забранува учество на претседателските избори во 2027 година, е „многу голема работа“, смета американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ова е многу голема работа. Знам се за тоа, а многумина мислеа дека таа воопшто нема да биде осудена. Но, таа доби забрана, а таа е водечки кандидат. Тоа потсетува на оваа земја (САД), многу потсетува на оваа земја – рече Трамп, мислејќи на правните процеси со кои се соочи пред да продолжи со претседателствувањето.