ОВА Е КРВТА НА ДЕЦАТА УБИЕНИ ВО ВАТАША Јарески истури црвена боја врз говорницата, Џафери збесна (ВИДЕО)
Јарески потенцираше дека со овој чекор се прави грешка од која нема назад, вакви грешки прават штета не само на нашата генерација, туку и на идните генерации, непоправлива штета и на сите изминати генерации.
Пратеникот Тони Јарески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница истури чаша со црвена боја на говорницата, а како што рече, тоа го прави во чест и како симбол на крвта на партизаните и на младите од Ваташа убиени од Бугарите.
– Македонија има своја политика и интереси. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи за интересите на Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец. Ова е еден од многуте цитати со кои сакавме да допреме до свеста и совеста на пратениците од мнозинството и претставниците на влада. Ова е еден од цитатите на великанот Гоце Делчев. Многу великани дале свој живот, многу цитати беа кажани, но се чини не допираат до вас. Затоа луѓето кои ќе кренат рака за овој обид за велепредавство можат да бидат добри Бугари. Бидејќи со таков однос работат само за интересите на Бугарија, не на Македонија – рече Јарески.
Јарески потенцираше дека со овој чекор се прави грешка од која нема назад, вакви грешки прават штета не само на нашата генерација, туку и на идните генерации, непоправлива штета и на сите изминати генерации.
Откако ја истури чашката со црвена течност врз говорницата, остро реагираше собранискиот спикер Талат Џафери.
– Вие само истурајте. Ама институциите се будни и следат. Само што истуривте течност врз опремата во Собранието. Тоа е кривично дело. Бадијала сте пратеници и бадијала имате пратенички имунитет, ова е кривично дело – рече Џафери.