ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ОД ВЕРСКА ОМРАЗА, ВИНОВНИЦИТЕ ДА СЕ ОТКРИЈАТ И КАЗНАТ! Првиот човек на Комисијата за верски прашања бара МВР решително да реагира

„Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество“ - пишува Даријан Сотировски.

707

Претседателот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, како што го нарече, вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.

„Елементите на кривичното дело од чл.319 на Кривичниот законик, Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга основа, како и кривичното дело од чл.145 на Кривичниот законик, Неповредливост на домот, мора да повлечат одговорност. Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество“, додава Сотировски.






Тој повикува надлежните институции да ги откријат и да ги казнат извршителите на ова кривично дело.

„Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество“ – пишува првиот човек на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Поврзани содржини