ОВА Е КРАЈ НА СВЕТОТ! Ќерката на жената тепана во старечки дом не може да се соземе од шокот
Да вршат насилство врз 70-годишна жена, три медицински сестри, од кои едната со држење на рацете, а другите две смеејќи се, па ова е крај на светот! Многу сум вознемирена - изјави ќерката Жанета Нура.
Ќерката на повозрасната жена која беше физички малтретирана во центар за стари лица во Пеќ, емотивно изјави дека е шокирана од насилството кое ѝ е сторено на нејзината мајка.
Како што објавивме, две медицински сестри во Домот за стари лица во Пеќ се уапсени откако се појави видео на кое се гледа како малтретираат постара жена која престојувала во домот една година.
Нејзините блиски од видеото дознале дека жената била злоставуваната и веднаш си ја зеле дома.
Жанета Нура, ќерка на малтретираната жена, даде детали за случајот со нејзината мајка кој го вознемири цел регион. Таа вели дека ја посетувала својата мајка еднаш до двапати неделно.
Последен пат ја посетила пред четири дена. Нејзината ќерка изјави дека забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не верувала дека вработените во центарот можеле да го направат тоа.
– Јас ја посетувам барем еднаш неделно. Пред четири-пет дена видов знак на насилство на лицето, но мојот ум не ни помисли дека има насилство во дом кој е по швајцарски стандарди, никако не помислив – вели ќерката.
Таа очекува правдата да биде задоволена, за ова да не се случува и на други луѓе.
– Тоа и се случи на мајка ми, но не дозволувајте да им се случи на другите. Да вршат насилство врз 70-годишна жена, три медицински сестри, од кои едната извршила максимално насилство со држење на рацете, а другите две смеејќи се, ова е крај на светот! Многу сум вознемирена – изјави ќерката.
Обвинителот на Обвинителството од Пеќ, кој го истражува случајот, рече дека не е исклучано во овој центар за стари лица да има и други случаи на насилство.