Следната недела ќе биде најубава за три хороскопски знаци, бидејќи носи мотивација, самодоверба, а и заљубување во мали нешта.
Близнаци – мотивација на најјако
Изминатите неколку недели ве истоштија до бесвест. Марс – планетата на амбицијата и виталноста се движеше низ вашата дванаесетта куќа на духовност каде во голема мера ја почувствувавте интензивната енергија на Марс. Додека Марс ве поттикнува да се осврнете на себеси и да се ослободите од своето его, тоа истовремено правеше да се оддалечите од своите цели. Ова е период кога Марс ја осветлува вашата петта куќа на себеси и добивате неверојатно ново чувство на мотивација.
Водолија – се враќа вашата самодоверба
Како што моќниот Меркур и спонтаниот Јупитер ги зближија своите сили во вашиот знак, чувствувате силна самодоверба. Сакате да излезете од она место каде се чувствувате најпријатно и да научите нови нешта. Имате и подобро расположение, но и енергија да бидете поактивни на различни полиња.
Риби – се заљубувате во малите нешта
Ова е ваша сезона, а вие чекорите со невидлива круна на главата. Откако Венера навлезе во вашиот знак, расположени сте за мали ритуали кои ви го разубавуваат секојдневието. Можеби се гледате во огледало и уживате во тоа што го гледате. Оваа недела универзумот ве поттикнува да откриете страна од себеси која често ја занемарувате.