ОВА Е ФАЛСИФИКАТ ОД ХРИСТО ПЕТРЕСКИ! Писателот Иван Антоновски за повлекувањето на оставката на претседателот на Друштвото на писателите
„Повлекувањето на оставката не важи зашто се темели на фалсификат! И затоа што оставката е неотповиклива! Вонредно изборно собрание за сите раководни позиции и за членови на другите тела на ДПМ мора да има!“, пишува Антоновски на Фејсбук.
„Ова е фалсификат?! Затоа што неотповиклива оставка не може да се повлече! Не е ниту правно возможно, ниту е морално. Па дури и ако е од Христо Петрески!“
Вака реагираше писателот Иван Анроновски, откако денеска претседателот на Друштвото на шписатели на Македонија, Христо Петрески, ја повлече „неотповкливата оставка“ што ја поднесе пред пет дена поради „здравствени причини“, обвинувајќи дека така постапил зашто бил под уцени.
Факсификатот се прави токму кога се објавува јавниот повик од македонските писатели до претседателката на Собранието на ДПМ да не се држи ДПМ во заложништво, вели Антоновски. Тој на Фејсбук пишува:
„Ова не само што е дел од играриите, туку отвора сомнеж и зошто некој толку се плаши од цврстиот став на македонските автори дека манипулациите мора да престанат и дека македонскиот писател мора да го искаже својот став на Вонредното изборно собрание.
Што се крие зад ова насилие и манипулирање?!
Зошто некој со фалсификат се обидува и натаму да го пригушува гласот на македонскиот писател кој се крева со определба дека на ДПМ му треба систем од вредности? А не систем на факсификати и манипулации!
Повлекувањето на оставката не важи зашто се темели на фалсификат! И затоа што оставката е неотповиклива! Вонредно изборно собрание за сите раководни позиции и за членови на другите тела на ДПМ мора да има!
А за овој факсификат и за сето она што му е сторено на ДПМ ќе се одговара и пред судот на историјата!“