ОВА Е ЕДИНСТВЕНОТО ЛЕГАЛНО „ПЕРЕЊЕ ПАРИ“ Она што е уште почудно, оваа услуга ја прави една централна банка! (ВИДЕО)

Годинава тие имаат полни раце работа бидејќи многу банкноти доаѓаат од поплавените подрачја на западот на Германија. Во банката веќе се донесени околу 50 милиони евра.

597

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка, Бундесбанката, ги чисти.

Оваа година, поради поплавите во јули, тие имаат полни раце работа, но во вистинска смисла на зборот.






Имено, експерти во банката мијат, сушат и проверуваат банкноти. Во исто време, тие мора да бидат брзи за да не се лепат банкнотите една на друга, пишува Дојче веле.

Годинава тие имаат полни раце работа бидејќи многу банкноти доаѓаат од поплавените подрачја на западот на Германија. Во банката веќе се донесени околу 50 милиони евра.

Исчистените банкноти се враќаат на сопственикот, а таа услуга на германската централна банка е бесплатна.

 

Поврзани содржини