Ова е единствената земја во светот која го надмудри коронавирусот
Премиерката Јасинда Ардерн сега сериозно размислува целосно да ги повлече мерките на територијата на Нов Зеланд откако ќе заврши веќе прогласениот карантин од еден месец.
Помалку од две недели поминаа откако Нов Зеланд ги презеде првите мерки во борбата против коронавирусот, но како што покажуваат резултатите, токму тие двонеделни мерки биле сосема доволни за да се неутрализира ударот на заразата.
Па така, новозаразени пациенти со коронавирусот во оваа земја скоро и да нема, а како што пишуваат локалните медиуми, таквиот успех најмногу се должи на големиот број тестирања врз граѓаните.
Од почетокот на пандемијата во јануари годинава, во Нов Зеланд се регистрирани вкупно 1.160 излечени пациенти, само еден смртен случај и четворица луѓе кои се наоѓаат во критична здравствена состојба.
Па така, премиерката Јасинда Ардерн сега сериозно размислува целосно да ги повлече мерките на територијата на Нов Зеланд откако ќе заврши веќе прогласениот карантин од еден месец.