ОВА Е ЕДЕН ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДИСКОТЕКАТА ВО КОЈА ЗАГИНАА 59 ЛУЃЕ Полицијата потврди дека лиценцата била фалсификувана

МВР потврди дека дискотеката имала фалсификувана лиценца за работа издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши. 

1,485

Дејан Јованов – Деко е еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени, објави Радио Лидер.

Според Радио Лидер, Деко имал и други бизниси како кафулиња, но и компании во останати дејности.






МВР потврди дека дискотеката имала фалсификувана лиценца за работа издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши.

– Дел од осомничените се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во овој кривично правен настан. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е има директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен, мислам дека е и сегашен раководител на еден сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата. Дел од приведените се организатори на настанот, дел се обезбедување, дел биле вклучени во други активности – рече министерот Панче Тошковски на прес конференција.

Поврзани содржини