ОВА Е ДИРЕКТЕН НАПАД НА СУВЕРЕНИТЕТОТ НА НАШАТА ЗЕМЈА Македонското МНР остро ја осуди постапката на бугарскиот пратеник Костадинов

Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава, и истовремено се во директна спротивност со правилата и принципите на меѓународното право, немешањето на државите во нивните внатрешни работи и политиката на градење на добри меѓусоседски односи, соопшти МНР.

1,079

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на социјалната мрежа Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава.

„Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава, и истовремено се во директна спротивност со правилата и принципите на меѓународното право, немешањето на државите во нивните внатрешни работи и политиката на градење на добри меѓусоседски односи. Ваквата недолична изјава на Костадинов, очекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме, европските стандарди кои силно ги почитуваме и спротивно на нашите залагања за обезбедување на траен мир, безбедност и просперитет во Европа и пошироко“, се вели во соопштението.






ТЕШКА ПРОВОКАЦИЈА ОД ЛИДЕРОТ НА TРЕТАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО БУГАРИЈА Костадинов бара припојување на Македонија кон Бугарија

Поврзани содржини