ОВА ЈА ПОКАЖУВА ЕКСТРЕМНАТА БРУТАЛНОСТ НА ПУТИН Бајден ги осуди ракетните напади врз Украина
Ова уште еднаш ја демонстрира aпсолутната бруталност на незаконската војна на Путин врз украинскиот народ. САД силно ги осудуваат руските ракетни напади во Украина, вклучително и Киев. Во овие напади беа убиени и ранети цивили и уништени се објекти кои немале воена намена. Тие уште еднаш ја демонстрираат екстремната бруталност на илегалната војна на г-дин Путин против украинскиот народ, рече Бајден.
САД ги осудуваат руските ракетни напади, кои пак, ја засилуваат одлучност да се продолжи со поддршката за Украина „онолку колку што е потребно”, изјави денеска претседателот на САД Џо Бајден.
– Заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжиме да нанесуваме цена за Русија за нејзиниата агресија, ќе ги повикаме Путин и Русија на одговорност за ѕверствата и воените злосторства и ќе продолжиме со поддршката за украинските сили во одбрана на својата земја и слобода – изјави Бајден.
Тој уште еднаш ја повика Русија да ја оконча војната и да ги повлече војниците од Украина.
Според украинкси извори, во нападите загинале најмалку 11 лица
Претседателот изрази сочувство до жртвите, нарекувајќи ги убиствата „бездушни”.
– Ова уште еднаш ја демонстрира aпсолутната бруталност на незаконската војна на Путин врз украинскиот народ. САД силно ги осудуваат руските ракетни напади во Украина, вклучително и Киев. Во овие напади беа убиени и ранети цивили и уништени се објекти кои немале воена намена. Тие уште еднаш ја демонстрираат екстремната бруталност на илегалната војна на г-дин Путин против украинскиот народ – рече Бајден.