ОУ„ХРИСТО УЗУНОВ“ ОД ОХРИД ДОБИ МОДЕРНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ Донација од Видеолотарија касинос Австрија
Под слоганот „Играј со најдобрите“ Видеолотарија касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното спортско игралиште во ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.
Со донација од 3.284.819 денари Видеолотарија касинос Австрија го стави во функција најновото мултифункционално спортско игралиште во ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Ова игралиште е петто по ред од овој тип, во склоп на проектот „Играј со најдобрите“. Претходно веќе беа реконструирани игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија и Лојане.
– Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно спортско игралиште на кое младите ќе може да играат ракомет, фудбал, кошарка. Игралиштето има нова подлога, спортски реквизити, ограда, со што овозможуваме децата да играат и спортуваат безбедно – велат донаторите.
Директорката на училиштето Марина Ѓоргоска изрази благодарност до Видеолотарија касинос Австрија, нагласувајќи дека со ова игралиште, училиштето ќе биде пример како да се развива и унапредува воспитно-образовниот процес, но и како треба да се негува спортскиот дух како важен дел од развојот на младите.
И градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков се заблагодари на Видеолотарија, истакнувајќи дека оваа донација е дел од заложбата за вложување во спортската инфраструктура на градот.
Од Видеолотарија велат дека и во иднина одговорно ќе продолжат со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра, велат од комапнијата.