МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА НА САД Ги потврдиле цврстите односи меѓу САД и Македонија
Во разговорот било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското стратешко и економско партнерство.
Како што објави на Фејсбук премиерот, во разговорот било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.
„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка. Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“, напиша Мицкоски во објавата.