ОТВОРИ ГИ ОЧИТЕ, АКО МИЖИШ ЌЕ ТЕ ЛАЖАТ Герила акција во Скопје против лажните вести

Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!“, порачуваат авторите на герила акцијата.

288

На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава.

Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.






„АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“, наведено е на едната макета.

„ Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!“, се порачува од друга.

„Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“, гласи пораката на трета макета.

„Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!“, порачуваат авторите на герила акцијата.

„За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!“, гласи пораката на една од макетите од акцијата.

Поврзани содржини