ОТВОРЕТЕ СИ СМЕТКИ ВО РУСКИ БАНКИ Путин со порака до земјите кои сакаат да купат гас
Франција и Германија се подготвуваат за намалување на испораката на руски гас, изјави денеска францускиот министер за економија, додека рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе прекине со испорака на гас за оние кои одбиваат да платат во рубљи.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубљи за испорака на гас од април.
– Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубљи. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април – нагласи Путин во телевизиска изјава.
Тој додаде дека дека додколку нема уплати тоа ќе предизвика „стопирање на постоечките договори“.
Франција и Германија се подготвуваат за намалување на испораката на руски гас, изјави денеска францускиот министер за економија, додека рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе прекине со испорака на гас за оние кои одбиваат да платат во рубљи.
– Утре може да дојде до ситуација во која… веќе нема руски гас. Наше е да се подготвиме за овие сценарија и ние се подготвуваме, изјави Бруно Ле Мер по разговорите во Берлин со неговиот германски колега Роберт Хабек.