📽️ ОТВОРЕНО ЗБОРУВАВМЕ ЗА ОДБЛОКИРАЊЕ НА НАШИОТ ПАТ КОН ЕУ Мицкоски се сретна со Макрон
Мора да успееме и да бидеме таму кадешто заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна. Нашето место е во рамките на Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница сум уште поголем оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно е да ги одбраниме нашите национални интереси, порача премиерот од Будимпешта каде учествува на Самитот на Eвропската политичка заедница.
На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.
„Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, пишува Мицкоски.
Премиерот учествува на Самитот на Eвропската политичка заедница, кој започна попладнево во Будимпешта.
– Во текот на денот со мојата делегација имав средба на кои се разговараше за нашата економска иднина, за нашите перспективи и за нашите погледи за еворинтегративниот пат. Се секоја средба се повеќе се бориме за нашите аргументи, за вистината каква што е и каква што ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините кои следат. Мора да успееме и да бидеме таму кадешто заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна. Нашето место е во рамките на Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница сум уште поголем оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно е да ги одбраниме нашите национални интереси – истакна Мицкоски од Будимпешта.