Отворено инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош
Градоначалниците на Општина Карпош и Град Скопје, Стефан Богоев и Петре Шилегов денеска го посетија игралиштето и испратија апел граѓаните совесно да ги употребуваат реквизитите.
Инклузивно игралиште за деца со попреченост денеска беше отворено во Општина Карпош, на улицата „Веселин Маслеша“. Во игралиштето има поставено адаптирани реквизити, но и стандардни и фитнес реквизити за рекреација.
– Ја одбравме оваа населба Карпош 2 бидејќи статистички во основното училиште „Верац“ кое е реонско училиште има најголем број на дечиња со попреченост. Се надевам дека тому поради тој факт маскимална ќе биде искористеноста – рече градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.
Инвестицијата е околу 2.900.000 денари.
– Градот Скопје континуирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите наши сограѓани. Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под – рече Шилегов.