ОТВОРЕНИ ВРАТИТЕ НА СКОПСКИОТ „ИСТ ГЕЈТ МОЛ“ Еве како изгледаат пет нивоа шопинг (ГАЛЕРИЈА)

Нови брендови на пет катови ги чекаат 12-те милиони посетители кои во годината ќе купуваат во трговскиот центар, а се очекува да ја стави Македонија на мапата во регионот.

11,304

„Денес во Скопје официјално е отворен „Ист Гејт Мол“, инвестиција вредна 103 милиони евра. Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители, од земјава и блискиот регион, кои ги очекува најбогатата понуда за шопинг и забава во земјата и пошироко“, велат од тимот на трговскиот центар.

Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други.






„Од денес, „Ист Гејт Мол“ е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, којшто се простира на пет нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг мапа.

Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, „Ист Гејт Мол“ на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар“.

Објектот на „Ист Гејт Мол“, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помош од над 2.500 вработени, се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2. Во склоп на истиот се простираат 2000 паркинг места, 220 продавници, кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови, кои што за прв пат се претставуваат во земјата.

„Ист Гејт Мол“ е инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар“, пишува во соопштението од ИГМ.

Инвестицијата на целокупниот проект „Скопје Ист Гејт “изнесува 350 милиони евра.

Поврзани содржини