ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА СЛИКИ ОД КОЛОНИЈАТА „КАРПИНО“ Во Македонска Каменица изложени 25 дела од 13 уметници
Делата вкупно 25 на број се насликани во повеќе техники меѓу кои акрил на платно, но и колажна техника и масло на платно од 13 уметници од Србија, Македонија и Америка, истакна Стоилковски.
Во фоајето на Домот на културата во Македонска каменица беше отворена изложбата на слики од ликовната колонија „Карпино“. Изложбата во организација на Културно-информативниот центар „Романса” од каде информираа дека е прва ваква изложба од овој крај чии дела се презентираат пред љубителите на уметноста од Македонска Каменица.
Како што истакна Дејвид Стоилковски, од Мултимедијалниот центар „Карпино“ се работи за изложба составена од 25 дела, настанати во август 2021 година во Етно Село „Тимчевски“.
– Делата вкупно 25 на број се насликани во повеќе техники меѓу кои акрил на платно, но и колажна техника и масло на платно од 13 уметници од Србија, Македонија и Америка – истакна Стоилковски.
Претседателот на Мултимедијалнито центар, Зоран Павловски изрази задоволство од јубилејната колонија на која, учествувале квалитетни учесници, кои за време на истата посетиле повеќе знаменитости и туристички локалитети во североисточниот регион.
Организаторите ги повикаа љубителите на уметноста во наредните 10 дена да ги погледнат делата од ликовната колонија „Карпино“ кои се изложени во фоајето на Домот на културата во Македонска Каменица.