ОТВОРЕНА Е КНИГА НА ЖАЛОСТ ВО СРПСКАТА АМБАСАДА Сочувство за трагедијата во Нови Сад

108

Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на улицата Питу Гули број 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.

Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.






Поради несреќата во која од падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 луѓе, Владата на Република Србија денешниот ден,  2 ноември 2024, го прогласи за Ден на жалост во Србија.

Поврзани содржини