ОТВОРЕНА БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Народниот правобранител апелира граѓаните да пријават повреди на нивното избирачко право
По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.
Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија (0800 54321), на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година).
Како што е соопштено, Народниот правобранител по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.
Исто така, за пријавување на повреди на избирачкото право, граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот на следниве телефонски броеви: Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.
„Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните“, се наведува во соопштението