ОТВОРЕН ШТАБ НА ВЕСКОВСКИ ВО КОЗЛЕ Добредојдени се сите прашања и предлози

Весковски синоќа презентираше дел од програмата и проектите планирани за Урбаните заедници „Пецо Божиновски - Кочо“ и „Кузман Јосифовски – Питу“.

403

Oтворен е промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош каде граѓаните ќе можат да ги постават сите прашања и да ги достават сите предлози. Штабот на двете урбани заедници Пецо Божиновски – Кочо и Кузман Јосифовски – Питу“ е лоциран во Козле, спроти бензинската Макпетрол.

Новиот штаб ќе биде отворен за сите граѓани од овој дел на Карпош, каде сите ќе може да ги достават своите предлози, како и да ги дознаат сите предвидени активности за наредните четири години на кандидатот на СДСМ Душко Весковски.






Синоќа заедно со Мила Царовска, започнавме со поделба на промотивен материјал, како би им ја доближиле нашата визија и мисија на граѓаните од Општина Карпош. Презентиравме дел од програмата и проектите планирани за Урбаните заедници Пецо Божиновски – Кочо и Кузман Јосифовски – Питу“ – истакна Весковски.

Тој најави реконструкција на атмосферската канализација во „Пецо Божиновски – Кочо“. Целта на овој проект е да се надминат проблемите што ги создаваат обилните дождови, при што водите што се слеваат од улиците Козле и Струшка ги поплавуваат пониските улици и дворови.

Планирана е и реконструкција на крак од улицата Загребска. Се предвидува да се реконструира и да се прошири кракот од улицата Загрепска, кој води до оваа важна здравствена установа, во која се лекуваат најмалите жители не само од оваа Општина туку и од целиот град Скопје, па и пошироко. Овој дел од улицата сѐ уште е поплочен со гранитна коцка, која е во исклучително лоша состојба.

Во урбаната заедница Кузман Јосифовски – Питуе планирано покривање на каналот на улицата Ловќенска. Овој проект е во тек на реализација и целта е да се заврши до крајот на 2022 година. Со тоа би се елиминирал еден од најголемите проблеми на жителите од оваа улица во „Кузман Јосифовски – Питу“.

Поврзани содржини