📷 ОТВОРЕН РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДОМ НА КУЛТУРАТА „11 ОКТОМВРИ” ВО ЧЕНТО Ќе се збогати културниот живот во општината

Со инвестиција од над 87 милиони денари, обезбедена преку средствата од капиталните дотации за културата, Домот на културата „11 Октомври" е целосно реконструиран и трансформиран.

0

Очекувам Домот на културата „11 Октомври” во Ченто да прерасне во значаен центар на културни случувања, кој ќе ги обединува генерациите и ќе придонесува за збогатување на културниот живот во општината и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на денешното свечено отворање на реконструираниот и современо уреден Дом на културата „11 Октомври” во населбата Ченто, на кое присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот Љутков нагласи дека реализацијата на проектот претставува резултат на успешна и координирана соработка меѓу централната и локалната власт, што претставува пример за ефикасно партнерство во интерес на граѓаните и развојот на културата.






– Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот – изјави Љутков.

Министерот додаде дека со инвестиција од над 87 милиони денари, обезбедена преку средствата од капиталните дотации за културата, Домот на културата „11 Октомври” е целосно реконструиран и трансформиран во современ, функционален и енергетски ефикасен објект, приспособен за одржување најразлични културни настани.

Поврзани содржини